У С Т А В НА ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Пречистен текст)

20.09.2013
С к о п ј е

П Р Е А М Б У Л А

Аллах џ.ш. во Куранот вели:
“ … За секого од вас Ние одредивме закон и програм…”
(Ел Маиде, 48)

Од појавата на Исламот кај нас, муслиманите во Македонија во континуитет биле една и единствена исламска духовна целина кои ги следеле учењата на последната објавена Книга – Курани-Керим и Сунетот на пејгамберот Мухаммед (а.с.).
За да ги реализираат своите верски одредби, муслиманите во Македонија се врзуваат за единствената Исламска верска заедница независно од нивната етничка припадност.
Организирањето на верскиот живот за време на Османлиите било под јурисдикција на Шејхул-Ислам во Истанбул, но по Балканските војни, односно по Првата светска војна, верскиот живот на муслиманите беше под јурисдикција на Реисул-Улема со седиште во Сараево, БиХ. ИВЗ на Македонија беше составен дел на ИВЗ на Кралевина Југославија, а потоа и составен дел на ИВЗ на СФРЈ.
По распаѓањето на претходната државна заедница и со осамостојувањето на Република Македонија ИВЗ продолжува да дејствува како самостојна верска заедница во Република Македонија, а тоа го докажува со донесувањето на Уставот на ИЗ во 1994 год.
Исламската верска заедница на Македонија со овој Устав ја докажува историската поврзаност во правна смисла со сите исламски верски заедници кои делувале на овие простори. Таа е единствената заедница која е наследник на целата историска активност и сопственик на движен и недвижен имот на сите претходни исламски верски заедници на нејзина територија.
Овој Устав на Исламската верска заедница има за цел да го чува и развива верскиот живот на муслиманите во Република Македонија без никакви пречки, а воедно и да ги култивира исламските вредности во секојдневниот живот како и соодветна грижа за нивната духовна и материјална култура.

ГЛАВА I

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1
Исламската верска заедница на Република Македонија е единствена организација која го организира верскиот живот на муслиманите во Македонија и на привремено иселените во странство.
Исламската верска заедница својата дејност ја потпира врз Куранот и Суннетот како и врз овој Устав и другите нормативни акти кои произлегуваат од него, согласно Законот за правната положба црква, верска заедница и религиозна група.
Исламската верска заедница е самостојна и независна во организирањето на верскиот живот, верското воспитание и образование, вакафот, административно-финансиската дејност како и други свои активности кои произлегуваат од овој Устав.
Во извршувањето на исламските задачи, од фикхски аспект, во рамките на оваа заедница, се применува Ханефитската правна Школа.

Член 2
Исламска верска заедница има својство на правно лице.

Член 3
Седиштето на Исламската верска заедница е во Скопје.

Член 4
Исламската верска заедница има свое знаме и амблем.
Знамето на Исламската верска заедница има зелена боја, бела полумесечина и петокрака yвезда со бела боја поставена на средината на отворената полумесечина свртена кон копјето, во хоризонтална форма.
Должината и широчината на знамето е во димензија 2:1 м.
Амблемот на Исламската верска заедница е: Отворен Куран на кој пишува “Икре” во оргинал.
Начинот на употребата на знамето и амблемот се одредува со посебен правилник.

Член 5
Органите и институциите на Исламската верска заедница имаат свој печат и штембил.
Текстот на печатот и на штембилот се пишува на јазиците на припадниците на вероисповетта.
Печатот има параметри од 3,5 см. со амблемот во средина.
Штембилот има димензија од 7 х 4 см.
Содржина на печатите и штембилите се одредува со посебен акт на Ријасетот на ИВЗ.

Член 6
Целта на Исламската верска заедница е чување и подигање на верската свест, организирање на ибадетите како и другите форми со кои се изразуваат чувствата и доживувањето на Исламот кај муслиманите.

Член 7
Исламската верска заедница своите цели ги реализира низ:
-учење и култивирање на исламските животни вредности,
-основање и одржување на џамии, месџиди, текии, мектеби и исламски центри.
-основање и одржување на дејноста на едукативно-образовните институции,
-основање и одржување на дејноста на научно-културните институции,
-основање и одржување на библиотеки, ханикахи, архиви, музеи и разни институции,
-основање и одржување на гробишта,
-основање и одржување на добротворни институции,
-основање на вакафи, одржување и заштита на сопственоста на Исламската верска заедница,
-промоција на добрината и борба против злото,
-организирање на издавачка дејност,
-култивирање и традиционална соработка со сите исламски заедници, институции, асоцијации и други организации во светот, кои култивираат исламски вредности,
-соработка со другите верски заедници, невладини организации и државните органи во земјава и
-низ секоја верска, културна, научна, здравствена и социо-економска дејност учество со која се воздигнува на муслиманската популација.

Член 8
Исламската верска заедница својата дејност ја потпира врз следниве принципи:

  • праведност,
    -транспаретност,
    -дебати пред донесување на одлуки на колективните органи,
    -консултации при извршување на работите,
    -слободни избори, реизбори, одговорност, отказ на функционери и отповикување на органи.

ГЛАВА II

ПРАВА И ОБВРСКИ НА ЧЛЕНОВИТЕ
НА ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА

Член 9
Сите членови на Исламската верска заедница се еднакви и рамноправни, со овој Устав, без разлика на нивната национална припадност, раса и пол, со сите права и општи обврски од работа во редовите на Исламската верска заедница.
Правата на членовите на Исламската верска заедница се:
-претставување и практицирање на Исламот во личниот, семејниот и општествениот живот,
-регулирање на семејниот живот како и образование и воспитание во духот на исламското учење,
-активно учествување во организирање на весркиот живот,
-користење на услугите на органите и институциите на Исламската верска заедница,
-да се служат со сопственоста на Исламската верска заедница во согласност со нормативните акти и шеријатските прописи,
-да предлагаат што по добро култивирање на верскиот живот,
-да се информираат за работата на органите и институциите на Исламската верска заедница,
-за заштита на своите права, да им се обратаат на органите на Исламската верска заедница,
-верските празници да ги празнуваат според шеријатските прописи и исламските прописи.

Обврските на членовите на Исламската верска заедница се:
-да се придржуваат кон правилата, законите и исламските традиции во секојдневниот живот,
-да се придржуваат на Уставот, нормативните акти и одлуките на органите на Исламската верска заедница,
-да го даваат свој општ материјален придонес и одредените придонеси за одржување и развој на Исламската верска заедница,
-да плаѓаат редовна членарина,
-да го бранат и штитат имотот и сопственоста на Исламската верска заедница,
-да ги штитат вредноста, интересот, единството и авторитетот на Исламската верска заедница.

ГЛАВА III

СОПСТВЕНОСТ И ИМОТ НА ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА

Член 10
Сопственоста на Исламската верска заедница ја сочинуваат сите јавни верски објекти како и нивниот имот, вакуфите, административните, верско-образовните објекти, правата и други добра.

Член 11
Имотот на Исламската верска заедница се стекнува од:
-приходи од вакуфите и други имоти подвижни и неподвижни, кои им се подаруваат на органите и институциите на Исламската верска заедница и од приходите што произлегуваат од нив.
-зекат, садекатул-фитр и други верски давачки,
-редовни приходи и други доброволни прилози, наменети за Исламската верска заедница,
-подароци и тестамнети (васиети) кои се подаруваат во името на Аллах џ.ш.,
-други фондови и приходи од нив,
-приходи од дејноста на организациите и институциите кои се основани од страна на Исламската верска заедница,
-приходи од верски и административни услуги и
-донации, спонзорства од владини и невладини организации и асоцијации и од други прилози.

Член 12
Секое правно и физичко лице има право да основа вакуф во Исламската верска заедница.
Начинот на основавањето и официјализирањето на вакуфот се регулира со посебен правилник.

Член 13
Имотот на Исламска верска заедница исклучиво е наменет за реализирање на нејзините цели.

ГЛАВА IV

ВЕРСКИТЕ ОБЈЕКТИ НА ИСЛАМСКАТА
ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА

Член 14
Верските објекти на Исламската верска заедница се:
-џамии
-месџиди
-исламски центри
-мектеби,
-текии,
-гусулхани,
-гробишта,
-турбиња,
-саат-кули

Член 15
Џамиите-месџидите, исламските центри, се основни јавни верски објекти каде се развива верско-образовниот живот.
Џамиите-месџидите-исламските центри служат за:
-извршување на намазите,
-реализација на верската поука,
-одржување на вазови и предавања,
-одржување на симпозиуми, семинари и трибини,
-одржување на верска академија,
-одржување на мевлуди, тевхиди, венчавања според Шеријатот и други верски манифестации,
-дистрибуција и презентација на верскиот печат, книги, публикации и аудио-визуелни средства за верската поука,
-извршување на други активности кои служаат за воздигнување на верескиот живот.

Член 16
Мектебите служаат за почетно и општо верско-образование на муслиманите, за други верски услуги и за верско и интелектуално воздигнување на муслиманите.

Член 17
Теките служаат за извршување на верските ибадети и тарикатските правила во соглсност со исламските прописи.

Член 18
Гусулханите служаат за припрема и миење на умрените муслимани според шеријатските правила.

Член 19
Гробиштата служаат за погреб на муслиманите.
Погребувањето и означувањето на гробиштата се прави според исламските правила.

Член 20
Турбињата се исламско-културни историски објекти.

Член 21
Саат-кулите се исламско културни историски објекти кои служат за означување на времето.

Член 22
Во недостаток на адекватни јавни верски-објекти, верските обреди може да се извршуваат и во муслиманските куќи, во јавни објекти и други места.

ГЛАВА V

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА

Член 23
Исламската верска заедница има свои органи и институции.

Член 24
Органите на Исламската верска заедница се:
-Муфтиство,
-Ријасет,
-Реисул-Улема и
-Собрание

Член 25
Во Исламската верска заедница на Република Македонија има тринаесет муфтиства, две едукативни-образовни институции и Агенција за халал стандарт:
1.Муфтиство на Исламска верска заедница-Скопје, со седиште во Скопје
2.Муфтиство на Исламска верска заедница-Тетово, со седиште во Тетово
3.Муфтиство на Исламска верска заедница-Гостивар со седиште во Гостивар
4.Муфтиство на Исламска верска заедница-Кичево, со седиште во Кичево
5.Муфтиство на Исламска верска заедница-Дебар, со седиште во Дебар
6.Муфтиство на Исламска верска заедница-Струга, со седиште во Струга
7.Муфтиство на Исламска верска заедница-Охрид, со седиште во Охрид
8.Муфтиство на Исламск верска заедница-Куманово со седиште во Куманово
9.Муфтиство на Исламска верска заедница-Штип, со седиште во
Штип
10.Муфтиство на Исламска верска заедница-Велес, со седиште во Велес
11.Муфтиство на Исламска верска заедница-Прилеп, со седиште во Прилеп
12.Муфтиство на Исламска верска заедница-Битола, со седиште во Битола
13.Муфтиство на Исламска верска заедница-Ресен, со седиште во Ресен
14.Средно исламско училиште Иса Бег Медресе, со седиште во Скопје
15.Факултет за исламски науки, со седиште во Скопје
16.Агенција за халал стандарт со седиште во Скопје
17.Комисија за студентски вакуф, со седиште во Скопје

Член 26
Органите и институциите на ИВЗ можат да одржуваат седници само ако се присутни мнозиството од нивните членовите, а донесуваат одлуки со мнозинство на гласови од присутните членови.
Одлуката е валидна само ако за неа гласала една третина(1/3) од вкупниот број на членовите на тој орган, освен ако не е одредено поинаку со овој Устав и со други нормативни акти.

Член 27
На седниците на органите, институциите и здруженијата на ИВЗ задолжително се повикуваат претставниците на Ријасетот на ИВЗ.

Муфтиство на ИВЗ

Член 28
Муфтиството е основен орган на ИВЗ.
Муфтиството има од пет до петнаесет члена, во зависност од големината на џематите на соответното подрачје.
Бројот на членовите на Муфтиството, за секое муфтиство го одредува Ријасетот.
Во Муфтиството најмалку 1/3 на членовите треба да биде од xематот.
Муфтиството го сочинуват:
Муфтијата, Главенимам и Секретар според функцијата, додека 2/3 од членовите се бираат на предлог од Меџлисот на џематот, а 1/3 од нив ги одредува Муфтијата.
Избраните членови пропорциално треба ја покриваат територијата на Муфтиството.
Мандатот на избраните членови е четири години.

Член 29
Џемаатот е група на верници каде се организира верскиот живот: во заедништво, во одредено место, на одредена територија и ги реализира своите обврски и права во согласност на овој Устав и другите нормативни акти.
Џематот се состои од сите верници кои имаат исполнето осумнаесет години од својот живот и кои се членови на истиот џемаат.
Советот на џемаатот е помочно тело на Муфтиството.
Советот на џемаатот го сочинува: верските службеници на муфтиството, мутевелите на џамии и вработените во оперативата на Муфтиството.
Советот на џемаатот е широк консултативен форум на Муфтиството.
Со седниците на Советот на џематот раководи Муфтијата.

Член 30
Со Муфтиството раководи Муфтијата.
Главен имам се именува од Реисул-Улема на предлог на Муфтиството.
Муфтијата и Главен имам треба да бидат со исламско високо образование и со работно искуство најмалце пет години во редовите на ИВЗ.
Во муфтиствата каде нема кадар според превидените услови, се именува координатор.

Член 31
Муфтиството, кандидира можни кандидати за муфтија, Ријасет на ИВЗ го врши именувањето, а Реисул-Улема го верифицира именувањето и им издава Мураселе.
Неиздавање и повлекувањето на Мураселе, го обврзува Муфтиството да во рок од триесет дена да предлага можни кандидати за муфтија.
Муфтијата одговара само пред Реисул-Улема на ИВЗ.
Муфтијата е највисока верска личност на територијата на Муфтиството и го претставува на таа територија.
Ги потпишува актите на Муфтиството и ги обврзува верските службеници на нивно извршување.

Член 32
Муфтиство:

  • ги извршува одлуките на Ријасетот и на највисоките органи на ИВЗ,
  • води грижа за добро и редовно одвивање на работите и на верскиот живот на својата територија,
  • обезбедува средства за функционирањето на ИВЗ,
  • на Ријасетот му предлага буџет и завршна сметка на муфтиството,
  • дава годишен извештај и програма за својата работа пред Ријасетот на ИВЗ.
  • непосредно ја прати работата на верските службеници на својата територија,
  • го верифицира предлогот за именување на верски службеници,
  • предлага именување и разрешување на службениците на муфтиството,
  • се грижи за реализација на обврските кон органите и институциите на Исламската верска заедница,
  • му предлага на Ријасетот на Исламската верска заедница формирање на нов xемаат и градба на нова џамија,
  • го информира Советот на џематот за својата работа,
  • раководи со движниот и недвижниот имот на својата територија според соодветниот правилник,
  • соработува со Вакуфската дирекција за заштита, култивирање и стопанисување со добивките од вакуфот,
  • предлага основање на образовни институции.
    Во работата на Муфтиствата им помагаат професионални служби од вработени во ИВЗ.
    Муфтиствата формираат свои привремени и стални комисии, одбори и тела.

Член 33
Муфтиството најмалку еднаш месечно одржува редовна седница на Муфтиството.
Седницата на Муфтиството ја свикува муфтијата, а во посебни случаи, седницата може да се закаже по барање на Ријасетот на ИВЗ и на на една третина на членовите на Муфтиството, во писмена форма со потпис од истите.

Член 34
Другите обврски и задачи на Муфтиството, џематот и Советот на Џематот се одредуват со посебен правилник.

Ријасет на Исламската верска заедница

Член 35
Ријасетот на Исламската верска заедница е орган кој одлучува за Исламски прашања.
Ријасетот на Исламската верска заедница го сочинуваат Реисул-Улема, Генерален Секретар, муфтиите, директорите и деканите на образованите институции на ИВЗ, претседателите на здруженијата на ИВЗ и двајца членови одредени од страна на Реисул-Улема, со искуство во организација на верскиот живот во редовите на ИВЗ.

Член 36
Делокругот на Ријасетот на Исламската верска заедница во земјава и странство е:
-организирање на весркиот живот според исламска традиција,
-развој на воспитно-образовни, културно-научни и информативни познавања,

  • изградба и одржување на исламски објекти,
  • организационата структура и дејност на органите на Исламската верска заедница.
  • соработка со исламските организации и институции во светот,
  • правно-административна и финансиско-економска работа.

Ријасет на ИВЗ

Член 37
Ријасетот на Исламската верска заедница:

  • предлага, избира и го разрешува Реисул-Улема,
  • одредува бројот на муфтиствата и извршува именување на муфтиите.
  • избирачленови на дициплинската комисија и јавниот обвинител на ИВЗ.
  • формира привремени и постојани комисии и совети;
  • верифицира мандати и објавува редовни и вонредни избори.
  • се грижи за општиот верски живот и за дејноста на Исламската верска заедница врз основа на Шеријатските принципи, а во согласност со правниот систем на Исламската верска заедница,
  • организира и го овластува верскиот кадар во дијаспората.
  • ја надгледува работата на органите, здруженијата и институциите на Исламската верска заедница,
  • ги усвојува план-програмите на верско-просветните институции како и програмите и текстовите за верската поука,
  • се ангажира за заштита на верските права на муслиманите.
    -основува заводи и институции,
    -донесува одлука за основање на вакуф,
  • донесува одлука за замена на вакуфскиот имот врз основа на предлогот на соодветниот орган, ако е во согласност со Шеријатските правила.
    -одлучува по жалбите на пониските органи на ИВЗ.
  • му предлага на Собранието годишнен финансиски план и завршна сметка за усвојување,
  • го организира собирањето на средствата од зекатот, садекатул-фитрот и другите приходи,
  • е главен и единствен организатор за реализација на хаџџот и умрата,
  • ги именува, заменува и ги разрешува членовите на Ријасетот.
  • ги одобрува тарикатските правила, ја надгледува нивната работа и го верифицира изборот и именувањето на Шејховите
    -одобрува печањето на исламска литература,
    -на вонредни услови извршува задачи на други органи.
  • Ријасетот на ИВЗ одржува седници најмалку еднаш месечно.
  • седницата на Ријасетот ја закажува и ја раководи Реисул-улема, во други случаи ја закажува по барањето на една третина на членовите на Ријасетот.

Член 38
Во работата на Ријасетот му помагаат професионалните служби на ИВЗ.
Ријасетот формира стални и привремени комисии, одбори и тела.

Реис-ул-Улема

Член 39
Реисул-Улема е орган на Исламска верска заедница.
Реисул-улема е духовен водач – Поглавар на Исламската верска заедница, кој го претставува верското единство на припадниците на Исламот, во земјата и странство.

Член 40
Реисул-Улема по потреба, може да свика седница на сите органи, институции, организации и здруженија на Исламската верска заедница.

Член 41
За функсија Реисул-Улема, може да бидат предложени или избрани кандидати со завршен ислмаски факултет, кои имаат успешно работно искуство во редовите на ИВЗ и имат возраст над четриесет години.

Член 42
Изборот на Реисул-Улема на ИВЗ се извршува согласно Правилникот за избор на Ресиул-Улема.

Член 43
Ријасетот на ИВЗ избира посебен Одбор за врачување на Меншура.

Член 44
Реис-ул-Улема:
-ја претставува Исламската верска заедница во земјата и во странство,
-издава мурасела (полномошно) за извршување на верските работи без која работата е неважечка,
-именува декани, директори и наставници по образовните институции на ИВЗ и наставници по предметот на верската поука по јавните училишта.
-ја организира и надгледува работата на професионалните служби на ИВЗ,
-ги закажува и раководи со седниците на Ријасетот и се грижи за извршување на неговите одлуки,
-меѓу две седници на Ријасетот извршува неопходни работи кои се во надлежност на Ријасетот и за ова го информира Ријасетот на наредната седница,
-ги потпишува актите на Ријасетот,
-ги потпишува актите за вработување во ИВЗ,
-доделува награди за посебни постигнувања за подобрување на верскиот живот,
-ги посетува подрачјата каде живеат припадниците на исламската вероисповет за непосредно да се запознае со нивната состојба и предлага мерки за развивање на верскиот живот,
-ги одобрува одморите и отсуствата на муфтиите, деканите, директорите на медресите, директорите и претседателите на институциите, здруженијата кои се во надлежност на Ријасетот,
-има право да ја суспендира секоја одлука на органите и институциите на ИВЗ ако констатира дека истата е во спортивност со закон и исламските принципи и истите да ги враќа на повторно разгледување, а конечната одлука за тоа ја донесува Ријасетот на ИВЗ.
-ги декретира одлуките на Собранието на ИВЗ.

Собрание на Исламската верска заедница

Член 45
Собранието на Исламската верска заедница е највисок правен-финансиски орган.

Член 46
Собранието на Исламската верска заедница е сочинето од дваесет и седум члена :
-од Скопје пет,
-од Тетово четири,
-од Гостивар три,
-од Куманово два,
-од Кичево два,
-од Дебар два,
-од Струга два,
-од Штип два
-од Битола еден,
-од Велес еден,
-од Охрид еден,
-од Прилеп еден и
-од Ресен еден.

Член 47
Делегираните за членови на Собранието на ИВЗ од страна на органот на Муфтиството се извршува според системот еден плус еден, согласно посебниот правилник за Собранието.

Член 48
Две третини од членовите на Собранието на ИВЗ, треба да бидат со високо образование од правно-административно-економски профил.

Член 49
Собранието на Исламската верска заедница :
-на заедничката седница со Ријасетот на ИВЗ усвојува Устав на Исламската верска заедница, како и неговите промени и дополнувања,
-усвојува годишен извештај и план-програма за работата на Ријасетот,
-усвојува финансиски план и завршна сметка на Ријасетот на Исламската верска заедница,
-верифицира усвојување на финансиски планови и завршни сметки на Муфтиствата на ИВЗ
-усвојува правилник за својата работа и други нормативни акти на ИВЗ.

Член 50
Собранието на Исламската верска заедница работи на седници.
Седниците на Собранието на Исламската верска заедница се одржуваат најмалку еднаш во годината.
На својата конститувна седница Собранието избира претседател и потпретседател на Собранието.
Со седниците на Собранието на Исламската верска заедница раководи претседателот на Собранието на Исламската верска заедница.
Претседателот на Собранието е должн да ја закаже седницата на Собранието на Исламската верска заедница, по барање на Реисул-Улема, на Ријасетот на Исламската верска заедница, или по барање на една третина на членовите на Собранието на ИВЗ.

Член 51
Мандатот на членовите на Собранието е четири години.

ГЛАВА VI

ИНСТИТУЦИИ НА ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА

Член 52
Институциите на Исламската верска заедница се:
-вакуфска управа,
-средни училишта – медреси,
-исламски факултети,
-истражувачки научни центри,
-исламски институции,
-библиотеки,
-музеи,
-архиви, ханови и хамами,
-информтаивно-издавачки центри,
-препријатија за трговија, производство, услуги и финансии,
-добротворни организации,
-здравствени организации,
-професионални здружнија
-Градинки од разни видови.
Институциите на ИВЗ имаат свои управни органи.

Член 53
Во Исламската верска заедница се извршуват воспитни, верски, образовно-научни, социо-хуманитарни и економско-финасиски дејности, се чува културното богатство низ медресите, исламските факултети, исламските институти, истражувачко-научни центри, издавачки куќи, библиотеки, архиви, музеи и др.

Член 54
Работата и дејностата на институциите на ИВЗ се одредува со статут или правилник за нивната работа.

Член 55
Тарикатите: Халветие, Меламие, Кадерие, Накшибендие, Бекташие, Руфаие, и др. чие учење и практика е во согласност со Шеријатските прописи, се организираат според правилата на тарикатите во рамките на ИВЗ и под наѕор на ИВЗ.
Текиите и нивниот имот се сопственост на ИВЗ.

ГЛАВА VII

СЛУЖБЕНИЦИ
НА ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА

Член 56
Верските, верско-образовни, административно-финансики работи во ИВЗ, ги извршуват избраните, именуваните и вработените лица.
Избраните и вработените лица во ИВЗ се еднакви со сите права и обврски.
Избраните, именуваните и вработените лица во ИВЗ поседуваат легитимација издадена од Ријасетот. Употребата на легитимацијата е во согласност на посебниот правилник.
Избраните и вработените лица во ИВЗ по единствен финансиски систем се третираат еднакво со сите права и обврски според правилник за систематизација.

Член 57
За професионално подигнување и за заштита на своите права, вработените во ИВЗ можат да основаат свое здружение.

Член 58
Избраните, именуваните и вработените во ИВЗ, почнувајќи од Реисул-Улема и до муензинот, може да се суспендира или да биде разрешен, ако од страна на органите на ИВЗ се констатира дека :

  • не ги извршуват обврските за кои се избрани или именувани.
    -ставот и неговата работа е во спротивставноста на исламските норми и нормативните акти на ИВЗ,
    -работи против прописите и одлуките на органите на надлежните на ИВЗ,
    -ја злоупотребува позицијата во штета на интересите на ИВЗ,
    -неспособноста за извршувањето на својата работа, болеста, возраст, смртта или доброволно повлекување,
    -во случај на затворна казна од шест месеци,
    -дисциплинската и материјалната одговорност се одредува со посебен правилник.
    Конечната одлука за суспендирање или за разрешување ја донесува Ријасетот на ИВЗ.

ГЛАВА VIII

ИЗБОРЕН СИСТЕМ

Член 59
Припадниците на Исламот, кои имаат наполнето осумнаесет години, имаат право да избираат и да бидат избрани во органите, здруженијата и институциите на ИВЗ.

Член 60
Изборите, по правило се вршат со јавно гласање, а со тајно гласање се врши избор само со посебна одлука на органот кој врши избор.

Член 61
Изборите на колективните органи на ИВЗ ги спроведуваат регионални комисии и Централната изборна комисија при Ријасетот.
Рерионалните комисии се должни во рок предвиден со посебниот правилник за избори, да ги известат муфтиствата за конечниот резултат од изборите, а муфтиствата резултатите од изборите ги доставуваат до Централната изборна комисија за верификација.

Член 62
Реисул-Улема одговара пред Ријасетот на ИВЗ.

Член 63
Избраните и именуваните функционери, како и вработените во ИВЗ одговарат пред Реисул-Улема.

Член 64
Секој функционер на ИВЗ има право да даде оставка, за која одлучува Ријасетот на ИВЗ.

Член 65
Избраните функционери, свечената заклетва ја даваат пред Реисул-Улема, додека Реисул-Улема свечената заклетва ја дава јавно.

ГЛАВА IX

УСВОЈУВАЊЕ И ПРОМЕНА НА УСТАВОТ

Член 66
Уставот на ИВЗ може да се измени амандмански.

Член 67
Предлог за промена на Уставот може да даде Ријасетот на ИВЗ и најмалку три муфтиства.
Одлуката за промена на Уставот ја донесува Ријасетот на ИВЗ .
Во случај на неприфаќање на предлогот, нова иницијатива за истото прашање, може да се поднесе после една година.

Член 68
Предлогот на уставни промени го подонесува Уставна комисија назначена од Ријасет на ИВЗ.
Уставните промени се усвојуваат со две третини од општиот број на членовите на Ријасетот на ИВЗ и Собранието на ИВЗ.

ГЛАВА X

ИЗВРШНИ И ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ

Член 69
Автентични толкувања и интерпретации на одредбите на овој Устав дава Ријасетот на ИВЗ.

Член 70
Со избор на органите на ИВЗ, во рок од една година, сите нормативни акти треба да се усогласат со овој Устав.

Член 71
Овој устав влегува во сила осум дена по неговото усвојување.

        Ријасет на ИВЗ
        Реисул-Улема
  Х. Сулејман еф. РЕЏЕПИ